Се степале членови на ВМРО-ДПМНЕ од Битола

Внатрепартиските избори околу тоа кој ќе се најде на кандидатските листи знаат да бидат прилично тензични, а понекогаш доаѓа и до физички контакти. Така, партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ си размениле шлаканици во огранокот на партијата во Битола, информира порталот Бриф.

DSC_0003 (Small)Расправата кулминирала кога за носител на листата бил предложен Антонио Милошоски. Огранокот на ВМРО-ДПМНЕ барал на листата носител да биде битолчанец, како што тоа го направил СДСМ. Огранокот барал тоа да биде Зоран Илиоски, актуелен директор на ЈП Водовод - Битола, инаку координатор на огранокот на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Партиските членови од Битола биле незадоволни за уште неколку имиња кои не се нашле на пратеничката листа во 5-та изборна единица. Златко Милошевски, Благој Шаклески и Игор Хаџиески, инаку внук на лустраторот Томе Аџиев, извисиле. Врз Силвана Ангелеска, претседателката на советот на општина Битола, се вршел притисок да го прифати 15-то место, колку да биде потполнето.