Семинар за најдобрите од најдобрите: Рокот за пријавување на семинарот на ЦИВИЛ во Струга истекува в четврток на полноќ

ЦИВИЛ организира извонредно динамичен дводневен семинар овој викенд во Струга, на 24 и 25 октомври. Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, максимум дваесет луѓе ќе учествуваат во семинар на кој ќе се стекнат со нови информации и вештини за учество во политичките процеси.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Предавачите, меѓу кои и Џабир Дерала, Петрит Сарачини, Биљана Јордановска и Дехран Муратов, ќе одржат низа интерактивни работилници во кои учесниците ќе се запознаат со практични и теоретски содржини на повеќе теми како транспарентност, борба против корупцијата, медиумска писменост и препознавање на лажните вести и дезинформации, мониторинг на избори и на состојбите со човековите права и слободи. Програма и содржини што не се пропуштаат!

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Повикот истекува на 22 октомври (четврток) на полноќ, за дводневниот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ во Струга, во хотел „Београд“, во центарот на градот, на 24 и 25 октомври (сабота и недела) со почеток во 11 часот. Бројот на учесници е ограничен на 20, а ЦИВИЛ за таа намена обезбедува голем простор согласно мерките за заштита од Ковид-19 за максимално почитување на протоколите за безбедност од корона вирусот.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Овој семинар е одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат да соработуваат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ. Меѓу другото, ЦИВИЛ на овој семинар ќе ги резимира резултатите од претходните граѓански иницијативи, меѓу кои и онаа за укинување на привилегиите на функционерите.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Поради новата методологија, ЦИВИЛ ќе ги земе предвид и апликациите на оние граѓанки и граѓани кои и претходно учествувале во мониторингот или во други проекти, семинари и активности на ЦИВИЛ. Патните трошоци, храната и престојот покрива организацијата.

ЦИВИЛ тим за комуникации