„Избори кои се фер и демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството. Сите учесници во изборите, со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија, истакна претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, при потпишувањето на Кодексот за спроведување на фер и демократски избори.
Ден пред почетокот на кампањата за предвремените избори за пратеници на 11-ти декември, претставници на сите коалиции и политички партии учесници на изборите, потпишаа Кодекс со кој се обврзаа за фер и демократски изборен процес.
Кодексот го потпишаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев име на опозициска коалиција, Изет Меџити од ДУИ, Мендух Тачи од ДПА, Мухамед Халили од ПДП, Гзим Острени од Унитети, во име на коалицијата „Алијанса за Албанците“, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство, во име на Коалицијата „ВМРО за Македонија“, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, во име на „Коалицијата за промени и правда – Трет блок“, Билал Касами од Движењето „Беса“, Здравко Савески од Левица и по 15-минутни доцнење и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во име на коалицијата „За подобра Македонија“,.
На потпишувањето на кодексот присуствуваа и амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, заменик-амбасадорот на ЕУ и и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
Претходно, и Народниот правобранител упати апел до институциите за обврската и одговорноста за создавање реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и за правилата за фер и демократски избори и отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право