СИТЕ БОИ НА МОЈАТА ЗЕМЈА – Конкурс за ликовни и литературни творби

Цивил – Центар за слобода објавува конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Човекови права, мир и толеранција“ во рамките на проектот „Сите бои на мојата земја“.

ACMC logo 01 (Small)Конкурсот е отворен за деца на возраст од 10 до 14 год. и млади од 15 до 18 год. Учесниците на конкурсот ќе можат да се натпреваруваат во повеќе категории на ликовниот, односно графичкиот израз и пишаниот збор.

Пристигнатите трудови ќе претставуваат квалификација за летна школа за креативно изразување која ќе се одржи во текот на јули годинава. Најуспешните трудови на летната школа ќе бидат наградени, додека одбрани трудови од конкурсот ќе се користат во текот на проектот како основа за кампања за јакнење на јавната свест. Форматот, изразот и бројот на творбите не е ограничен.

Секоја ликовна или литературна творба треба да ги содржи податоците за авторот и тоа: име и презиме, училиште, населено место и телефон на родителот/старателот за контакт. Краен рок за испраќање на творбите е 12 јуни на адреса на Цивил: Мито Хаџивасилев Јасмин 12/5, 1000 Скопје, со назнака: ЗА КОНКУРС „Сите бои на мојата земја“.

Творбите не се враќаат.

Проектот се спроведува во рамките на програмата Civica Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а спроведена од Центар за институционален развој (ЦИРа).

Повеќе информации на веб страната на Цивил: www.civil.org.mk или на тел: 02 / 5209 176.