Семинар за Изборни системи и набљудување на изборни процеси се одржа на 18 април во Струмица. Ова е трет семинар во рамките на проектот Моето гласачко право кој го спроведува Цивил – Центар за слобода. По Скопје и Велес, и во Струмица се собраа претставници на организациите на граѓанското општество и на локалната самоуправа, членови и поддржувачи на Цивил, медиуми и заинтересирани граѓанки и граѓани. На сите семинари се формираа и регионални тимови за долгорочно набљудување на изборните процеси и состојбите на човековите права и слободи.
Следниот семинар ќе се одржи во Гостивар, на 25 април, а поради зголемениот интерес, Цивил ќе организира и дополнителни семинари во Скопје.
Во рамките на проектот, Цивил ќе го набљудува и спроведувањето на Референдумот за ГТЦ, за што ќе се организира и семинар за обука и координација на набљудувачите.