Под притисок на јавноста во Македонија и по барањата на меѓународната заедница, Државната изборна комисија, да се изјасни околу условите за спроведување на избори во закажаниот термин, Државната изборна комисија вечерва со шест гласа „за“ и без присуство на членовите на опозицијата донела одлука дека се исполнети условите за одржување на изборите на 5 јуни!
Откако и за време на дебататa, претседателот на ДИК Александар Чичаковски изјавил дека се уште нема услови за одржување фер-избори поади непрочистениот Избирачкиот список, членовите на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, ја напуштиле седницата, и пред да почне гласањето. Потоа, и претседателот Чичаковски, кој опстојал на ставот дека нема технички услови за одржување на фер избори, заминал од седницата, што им овозможило на останатите членови едногласно да изгласааат дека постојат услови за организирање на кредибилни избори на 5 јуни.