Форум за истражување на безбедносни политики "Секуритас", Битола ја повикува полицијата на Република Македонија за време на вечерашните најавени протести да дејствува во рамките на законот и да избегне примена на прекумерна сила кон граѓаните кои излегуваат на протест за да го изразат своето незадоволство од случувањата во Македонија.
Форумот за истражување на безбедносни политики "Секуритас" исто така, ги повикува граѓаните да се однесуваат со почит кон припадниците на полицијата на Република Македонија, бидејќи тие се наши браќа, татковци, братучеди, пријатели.