За време на целиот изборен ден ЦИВИЛ ќе известува интензивно во живо на интернет и преку социјалните мрежи за сите информации до кои ќе дојдат набљудувачите на ЦИВИЛ, кои го следат изборниот процес во сите општини во Република Македонија. во редовните термини, но не се исклучени и вонредни јавувања, зависно од состојбата на теренот.
Преноси во живо од прес конференциите на ЦИВИЛ – Центарот за слобода, кои ќе се одржат во 10, 13, 16, 18 и 20 часот, ќе бидат достапни и на YouTube каналот на ЦИВИЛ. Извештаи од теренот ќе се објавуваат редовно на организациската веб страница и на информативните портали на ЦИВИЛ Медиа на македонски, албански и англиски јазик.
Прес центарот ќе работи од 6:30 часот наутро до 24 часот, а по потреба и подолго, во хотел Сити Парк во Скопје. Екипата на ЦИВИЛ и ГОНГ ќе биде отворена за информации за сите заинтересирани граѓанки и граѓани, претставници на медиумите и на домашната и меѓународната јавност.
На веб страницата Слободни Избори има онлајн формулар за пријавување на изборните нерегуларности.
Информациите ќе бидат достапни и преку Фејсбук страниците CIVIL.MK и Слободни Избори /Zgjedhje të Lira.
Граѓанските новинарки и новинари можат да испраќаат прилози на онлајн формуларот на веб страницата Граѓански објектив.
ЦИВИЛ ќе има седум телефонски линии за комуникација со набљудувачите и со јавноста (02/5209176, 071/608522, 071/608523 и други). Комуникацијата по е-пошта ќе се одвива преку [email protected] и [email protected].
Оваа вест е достапна и на: Albanian