Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперковски на панелот на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“

Режимот ја зароби и ја злоупотреби државата, а особено полицијата, судството и медиумите, а секој обид да се изрази поинакво мислење, го санкционираше со апсења, тортура, монтирани судски процеси и линч во медиумите и на социјалните мрежи. Притворот се претвори во казна, а затворските казни беа максимални и драконски, засновани на сомнителни докази и сведоци.

Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперковски, жртви на режимот, ќе говорат на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира ЦИВИЛ утре, среда, 11 март, во Парк Хотел (зад Градскиот стадион), со почеток во 12 часот. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Голем е интересот на јавноста за оваа тема, особено по одржувањето на панел дискусијата на 21 декември 2019 година. ЦИВИЛ уште еднаш ќе ја отвори оваа тема во јавноста, за да не се заборават злоделата на еден авторитарен режим.

Настанот е отворен за јавноста. Во согласност со владините мерки против коронавирусот, ЦИВИЛ препорачува панел дискусијата да се следи на некој од онлајн каналите на медиумската платформа на ЦИВИЛ.