Семинар за граѓанско новинарство - стартувај денеска!

Шестиот регионален семинар за граѓанско новинарство ќе се одржи на 22 и на 23 април во хотел Сити Парк, Скопје, со почеток во 11 часот, во сабота. Право на учество имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка и сите околни општини.

ЦИВИЛ го помести викендот предвиден за семинарот оставајќи простор за повеќе заинтересирани граѓанки и граѓани да бидат дел од големото семејство од над 300 граѓански новинар(к)и кои во досегашните пет семинари за граѓанско новинарство се стекнаа со теоретски и практични вештини за граѓанскиот активизам, онлајн активизмот и новинарсткото истражување.

Сите што се заинтересирани за учество во семинарот можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.

Сите што имаат фото или видео сторија која сакаат да ја споделат со јавноста анонимно, токму овој проект е слободниот, нецезуриран простор за тоа. Секој што има смарт телефон може да биде граѓански новинар. Стартувајте денеска!

За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.

За да останете во допир со содржините поврзани со проектот, лајкнете ја Фејсбук страницата и посетете ја веб страницатa Граѓански објектив.

Храбри и решителни, граѓанските новинарки и новинари се ноѓаат на фронталната линија во борбата против медиумското дезинформирање, искривување на вистината и непрофесионалнста со што се соочува новинарството во Македонија. Затоа ги повикуваме сите граѓанки и граѓани активно да се вклучат во објективното и навременото информирање од лице место прикажувајќи ја вистинската слика на политичката состојба без шминка и цензура.

Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish