СЈО: Одлуката на Иванов не го штити незаконски стекнатиот имот!

Специјалното Јавно обвинителство продолжува со својата работа! На денешната прес- конференција СЈО ја најави новата истрага под наслов “Транспортер”, која се однесува на  превоз на ученици во Општина Битола.

“Во досегашните случаи кои ги истражуваше СЈО, во најголем дел беа инволвирани претставници на централната власт, на тоа не биле имуни ниту локалните власти”, соопшти обвинителката Фатиме Фетаи, обраќајќи се на македонски, албански и турски јазик. Фетаи истакна дека постојан сериозни уверувања дека во Општина Битола, преку нејзиниот градоначалник Владимир Талески, за време на неговиот мандат „плаќала поскап превоз од оној од Токио“.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=-pwRL27Abl0[/youtube]

На овој начин, на Буџетот, а со тоа на сите граѓан(к)и им се нанела вкупна штета од околу 360.000 евра за само две учебни години, информираше Фетаи. Талески во договор со директорите на основните училишта и превозниците „Хера Турс“, „Транскоп“ АД, „Џем Турс“, „Боби Турс“, „Марија Транс“, „Хера превоз Новка“ и „Гопеш Транс“ и други. Започната е истрага против 22 лица, кои ја злоупотребиле службената положба.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=x-O-CR320_0[/youtube]

И покрај тоа што со аболицирањето на Ѓорге Иванов, градоначалникот на Битола е засега помилуван, тоа не ја опфаќа незаконски прибавената имотна корист, која како што информираше Фетаи - ќе биде конфискувана, како од градоначалникот, така и од сите учесници во незаконското договарање на превозот на ученици. “СЈО досега има покренато пет истраги и планира да продолжи со својата работа. Почитуваниот претседател Иванов, ќе има многу, многу работа во наредниот период!”, рече Катица Јанева, зборувајќи за аболицирањето на сите лица од власта и од опозицијата, против кои се води кривична постапка.

DSC_0076

Портпаролката на СЈО Ленче Ристеска, одговарајќи на новинарски прашања, истакна дека  СЈО не му дало податоци на претседателот Иванов во однос на лицата за кои се водат постапки. И на специјалните обвинители им е нејасно како конкретните податоци завршиле кај претседателот, затоа што многумина од лицата за кои се однесува аболицијата никогаш не биле јавно споменати.

Што се однесува до аболицирањето на специјалните јавни обвинител(к)и, Ристеска, истакна дека СЈО не ја прифаќа аболицијата. “На овој начин сме ставени во ист кош со лица за кои ние имаме цврсти докази за сторени кривични дела”, истакна Ристеска.

DSC_0019

На прес-конференција присуствуваа амбасадорите на Германија, Кристине Алтхаузер, на Велика Британија, Чарлс Гарет, како и дипломатски лретставници на Италија, Чешка и други држави-членки на ЕУ.

Марија Теговска

Оваа вест е достапна и на: Albanian