СЈО продолжува да работи неселективно, тоа го очекува и од Иванов

Специјалното јавно обвинителство очекува претседателот Иванов да ги повлече сите аболиции, затоа што само на тој начин, се исполнуваат уставните и законски обврски и нема да има селективен пристап и селективна правда, истакна специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска, на денешната прес-конференција. 

 

Како што изјави Ристоска, СЈО се уште нема одговор од Иванов од каде има информации за осомничените лица во нивните постапки, иако веќе доставиле две барања, кон крајот на април и на почетокот на месец мај.

"Начелото на презумпција се почитува, но предистражните постапки не се прекинати. СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, a бројот на предистражните постапки постојано расте. Иако аболицијата ја отежнува работата на СЈО, сепак, ние продолжуваме со нашата работа", информираше портпаролот на СЈО. "Од помилуваните во 'Титаник' не се повлечени аболициите за петмина, во 'Тврдина' за тројца, во 'Тортура' за шестмина, во „ТНТ' за две лица, како и за две лица во случајот 'Пуч'“, изјави Ристоска.

Сите лица за кои ќе се потврди дека сториле кривично дело, ќе одговараат кривично, но и материјално, односно ќе им биде одземен незаконски стекнатиот имот. Ристоска додаде дека дел од аболицираните кои се осомничени во случаите што ги покрена СЈО, преку своите адвокати побарале запирање на постапките, но Обвинителството ги продолжува  истрагите.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со изборот на Мирослав Грчев, како вештак во случајот "ТНТ", за уривање на објектот "Космос", Ристоска појасни дека СЈО, го избрал Архитектонскиот факултет, како висок0образовна институција од каде одлучиле Грчев да биде надлежен за вештачењето.

DSC_0324

На новинарското прашање дали месечните примања на специјалните обвинители се од 2.000 до 3.000 евра, Ристоска одговори потврдно, објаснуваќи дека нивните примања се предвидени во Законот за СЈО, и не ја надминуват предвидената законска рамка што била изгласана во Собранието.

На прес-конференцијата, Ристоска одговараше и на прашања за случајот со заштитениот сведок Коста Крпач.

„Крпач, доброволно се јави да биде сведок на предистражна постапка, која се уште не е објавена во ова Обвинителство. До Јавното обвинителство Скопје, СЈО ги достави потребните информации кои потврдуваат дека Крпач добивал закани. Тоа не беше пријавено во МВР затоа што кога има лице кое бара заштита како заштитен сведок, тоа не се пријавува“, појасни Ристоска.

СЈО  изрази загриженост за неточности поврзани со нивното работење кои се објавуваат во некои од медиумите, и најави дека поради тоа, на нивната веб-страница ќе се објавува неделен преглед  на изјави кои ги дале по новинарски прашања. На овој начин СЈО ќе продолжи транспарентно да работи и навремено да ја известува јавноста за тоа.