СОЛИДАРНОСТ СЕГА!

1 Мај е ден на сите работници во светот. Тоа е ден на борбата за правда, достоинство и чесност, за достојни услови за работа и пристојна плата за сите.

1 Мај е ТВОЈ ДЕН.

Ден кога ќе се освестиш и ќе го земеш тоа што ти припаѓа тебе и на твоите сограѓани. 1 Мај е ден кога треба да сфатиш дека работата не е привилегија, туку ТВОЕ ПРАВО.

Навремена и фер исплата за твојот труд и грижа за тебе кога си без работа или си болен, социјална и здравствена заштита за тебе и твоето семејство, пензија кога си стар - тоа не се услуги од државата или од газдите - тоа се ТВОИ ЗАРАБОТЕНИ И ЗАСЛУЖЕНИ ПРИДОБИВКИ.

Отвори ги очите!
СОЛИДАРНОСТ СЕГА!

solidarity03

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish