На последната седница на Советот на Општина Кавадарци донесена е одлука за финансирање на aмбулантата „Виталија Медикус“ во износ од 180.000 денари за обезбедување на примарна здравствена заштита во селото Сопот.
На објектот на амбулантата денес никнала табла со натпис „ВМРО-ДПМНЕ - МК СОПОТ“. А амбулантата изградена со придонес на жителите на Сопот.
Од ОК СДСМ, Кавадарци, реагираат дека ваквото однесување на партијата на власт, е само уште еден пример за партизација и узурпација на системот и на институциите кои им припаѓаат на граѓанките и граѓаните.
Оттаму бараат да се острани таблата со натписот Месен комитет на ВМРО – ДПМНЕ и во нивнотото соопштение до јавноста, прашуваат: дали финансиските средства одобрени од Општината се наменети за амбулантата или за потребите на партијата?
Оваа вест е достапна и на: Albanian