ЦИВИЛ – Центар за слобода и уште четири граѓански организации ќе изградат заедничка платформа за набљудување на изборите, соработка и комуникација.
На утрешната прес-конференција организирана во хотел „Дувет“ со почеток во 12:00 часот ќе учествуваат Граѓанската асоцијација МОСТ, Институтот за комуникациски студии, Транспаренси Интернешнeл – Македонија, Центарот за економски анализи и ЦИВИЛ - Центар за слобода, чии претставници ќе го потпишат “Меморандумот за соработка за набљудување на демократскиот процес во Македонија”.
Целта на Меморандумот е да се создаде транспарентна и инклузивна платформа за соработка и комуникација базирана врз Декларацијата за глобалните принципи за непристрасно набљудување и мониторинг од граѓанските организации.
На овој начин, невладините организации тесно ќе соработуваат за да ги сочуваат правата на гласачите и политичките учесници, со строга непристрасност и без дискриминирање.
Оваа вест е достапна и на: Albanian