Голем број на битолчанки и битолчани сведочеа пред камерата на ЦИВИЛ Медиа за социјалната неправда кој ја трпат со години. Еден од нив вели дека кој стигне ги полни џебовите, а пак на тие кои им е потребно не им даваат ништо. Тој вели дека не зема никаква социјална помош веќе седум години.
„Социјалната правда е арамилак жив во Република Македонија. Кој стигне си ги полни џебовите. Без работа сум, без пари толку години, немам социјална помош. Ништо немам, така сум, скитник клошар. Градоначалникот нека си даде оставка, јас гласав за него, но погрешив, не знаев дека е бандит. Неговата мафија нека си даде оставка нека дојде некој друг градоначалник од било која партија. Нема иднина. Цела младина бега по запад Австралија, Америка, Канада, еве и јас да можам ќе избегам, но ете немам вид, немам здравје, мене ме викаат да возам шлепер надвор, но не можам. Инаку да сум на твои години чупенце прв ќе избегам од тука. Од воздух живееме, немам никакви примања“, вели еден битолчанец.
Погледнете ја целосната изјава на видео снимката.