Според одредени медиуми, Мендух Тачи бил дел од група што уништувала изборни реклами, ДПА демантира

Пратеникот и претседател на партијата ДПА, Мендух Тачи синоќа од полицијата бил легитимиран како вози автомобил, во кој се превезувале лица осомничени дека оштетиле изборен рекламен материјал на неколку локации во Тетово, пишува Порталб.мк.

Од МВР за Порталб.мк го потврдуваат случајот.

Според полицијата, синоќа (30.09.2021 г.) околу 2 часот по полноќ во СВР Тетово било пријавено дека е оштетен изборен рекламен материјал на одредена политичка партија на неколку различни локации. Оштетувањето го вршеле повеќе лица во две возила со тетовски регистрации.

„Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(56) од Тетово, а возилото „голф“ го управувал Џ.К.(34) од тетовско. Во возилата биле уште две лица. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Oд Демократаската Партија на Албанците, пред дваесетина минути на својот официјален Фејсбук профил  демантираат дека Тачи е вмешан во чинот.

„Демократската партија на Албанците ја информира јавноста дека пласираните вести на неколку македонски медиуми, не се вистинити, туку се клевети со цел да се оштети одреден политички субјект.

Синоќа, непознати лица оштетиле и вандализирале на неколку места пропагандни материјали на нашиот кандидат во Тетово.“, велат од ДПА.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English