Среде сезона во Струга се гради!

Во рамките на иницијативата Социјална правда сега! ЦИВИЛ Медиа разговараше со Никола Кутаноски, спортски работник, за развојот на туризмот во Струга и колку тоа влијае врз животот на младите.

„Дали во моментот гледате млади во Струга? Сите се иселени. Самата држава дозволи сите жители да се иселуваат и да одат во еден град или надвор од земјата. Не знам што е целта на државата“, изјави нашиот соговорник.

Кутаноски посочи на градежните работи кои во екот на сезоната  се во полн тек во Струга.

„Струга не е доволно испромовирана. Тоа е вина на локалната власт. Од друга страна, барем мал дел од тоа што се потроши на Скопје, да се вложеше во Струга, ние би имале повеќе туристи и би имале што да им понудиме на туристите. Среде сезона овде се гради. Изникнаа палмите. Не знам кој турист сега би видел нешто убаво во Струга“, ни изјави меѓу другото, Кутаноски.

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ

Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега! Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.

Print Friendly, PDF & Email