Средношколците не се експериментални глувци

ЦИВИЛ ги поддржува средношколците и утрешниот трет протестен марш. Собирното место ќе биде пред фонтаната во Градскиот парк, а колоната ќе се движи кон Владата, а потоа, до Министерството за образование и наука.

„НЕ на реформите што од нас направија експериментални глувци! Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение. Оваа наша сплотеност може да укаже на три работи, дека не може нашето знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не го подобрувате образовниот процес со бинго - тестови на среќа и дека не дозволуваме да си играте со нашата иднина“, стои во соопштението на средношколците.

Ги повикуваме сите активисти, родители, наставници да застанат до средношклците затоа што младите, како иднина на нашето општество, имаат право на креирање на свои политики и на можност за отворен дијалог со институциите.

Ги повикуваме надлежните од Подрачната единица на МОН да ги примат средношколците на дијалог и да ги прифатат нивните барања.

ЦИВИЛ ја поздравува зрелоста и решителноста на средношколците кои ја покажаа изминативе недели. ЦИВИЛ секогаш ќе биде поддршка на младите кои се борат за своите права.