Сериозни закани за универзитетскиот професор Пајазити!

Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа д-р Али Пајазити реагираше до ЦИВИЛ-Центар за слобода, затоа што неколку пати добивал сериозни закани од непознати лица. Тој се сомнева дека заканите дека „ќе се најде во гепек“, се последица на неговите оценки, презентирани во бројните колумни со критички ставови, особено кон, како што вели, „албанскиот дел од Владата“.

screenshot_2016-12-06-10-35-49

„Последниот пат, ме контактираа лица на вајбер, се гледа телефонскиот број, но нема профилна фотографија. Ме предупредуваат да не продолжувам со мојот дискурс во колумните и статиите што ги објавувам во медиумите и на социјалните мрежи. Но, јас не се плашам, тоа и јавно го кажувам, го објавив и на мојот Фејсбук профил. Сепак, сметам дека јавноста треба да знае. Се сомневам дека заканите од овие Владини структури се делегирани кон подземјето и тие се тие што ме вознемируваат. Случаите ги пријавив во ОБСЕ, ОДИХР, во полициската станица во Сарај“, изјави професорот Пајазити за ЦИВИЛ Медиа.

Професорот Пајазити предава на Катедрата по социологија на „Штуловиот универзитет“, автор е на 13 публикувани трудови, преведени на неколку јазици.