„Стандард Евробарометар“: Македонците не веруваат дека ќе се подобри економската состојба!

Економската ситуација, вработувањето и состојбата на работното место, во наредните дванаесет месеци во Македонија или ќе останат исти или ќе се влошат, сметаат  68%, односно 70% од испитаниците кои се дел од последното истражување на „Стандард Евробарометар“.  

џц

За 48 % од испитаниците, во областа на пазарот на трудот, најлошото допрва доаѓа, а за 4 %, помал е бројот на оние кои сметаат дека моменталната ситуација е најлошата можна.

Во делот од истражувањето што ја анализира политичката и економската состојба во државата, 41 % од испитаниците се согласуваат дека невработеноста е најголемиот проблем со кој во периодов се соочува Македонија, за 35 % тоа е економската ситуација, додека според 22% од анкетираните, условите за живот во државата се најголем проблем.

Што се однесува на делот кој ја мери довербата на граѓан(к)ите, Европската унија ужива доверба кај 58% од анкетираните, додека во македонските институции, Собранието и Владата, доверба имаат само 28%, односно 30% од граѓаните.

дањ

Слободата на движење и можноста за студирање и вработување во Унијата е најголемата придобивка од членство во ЕУ, сметаат 49 %, а за економскиот просперитет како придобивка од ЕУ, се одлучиле 36% од испитаниците.

Истражувањето на „Стандард Евробарометар“ го спроведе Европската комисија во земјите-членки на ЕУ и во земјите-кандидатки, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција, турскиот дел на Кипар и Македонија. Истражувањето се спроведува двапати годишно, во пролет и во есен, а во последното истражување спроведено во Македонија, вклучени биле 1.066 испитаници.

ЦМ