Став наместо страв!

"Став наместо страв", беше пораката на продемократските протести на Шарената револуција денеска, 24 мај. Протестите започнаа пред 43 дена како спонтан собир на граѓанки и граѓани, по скандалозната, нелегитимна и нелегална акција на претседателот Иванов, кој донесе акт за аболиција на 56 лица против кои се води кривична истрага во Специјално јавно обринителство.

13275627_10153811383838740_770949301_n

И денеска, поворките од демонстранти се собраа прво пред СЈО, а потоа продолжија кон Владата и кон Собранието. На протестот беше поставена макета на затвор, во која зад решетки беа ставени кукли со ликовите на аболицираните Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Сашо Мијалков. Пред присутните се обратија Лидија Димова, пратеничка во Собранието и Рената Јајоска, членка на СДММ која порача: "Ние сме здружени, тие имаат закани. Ние имаме став, тие имаат страв!".

13293321_10153811383818740_1010203605_n

По информацијата дека на информативен разговор утре се повикани извршната директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска и проф. Мирјана Најчевска, раководителка на Центар за човекови права и разрешување конфликти, Шарената револуција на својот Фејсбук профил, ги повика своите поддржувачи на собирање пред полициската станица Беко во 8. 45 часот.