Дел од програмата на мултимедијалниот настан „Уметниците за човекови права“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, вчера, беше и поетското читање. Како поети/поетеси, со свои или омилени стихови, кои говорат за поривот на уметникот да се пронајде себеси и да се избори со реалноста за своите права и слободи на творење, креирање и критичко изразување, настапија: Биљана Јордановска, Александра Спасеска, Биљана Стојановска, Емрах Реџепи, Елена Пренџова, Оливера Доцевска, Џабир Дерала, Orange Groove, Петрит Сарачини и Агрон Биба.
Инспирирани од добрата атмосфера, а желни да го кренат својот глас против режимот кој ја уништува уметничката слобода на креативен бунт, поетите и поетесите упатија јасна порака дека се изморени од актуелната состојба и дека се подготвени за промени.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=vppgh-zKY5s[/youtube]
Настанот се одржа во рамките на Годишната програма на ЦИВИЛ – Центар за слобода, поддржана од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.