Цивил- Центар за слобода организира поетски перформанс по повод Меѓународниот ден на Мирот, 21 септември во паркот на франкофонијата, во монтажната галерија. Поезијата ќе биде со различни мотиви а ќе рецитираат поети, уметници и активисти за човекови права. Исто така ќе има проекција на познатиот филм Жуан Ноел (Божична ноќ), инсерти од филмот „Aпокалипса сега“, перформанс на Џабир Дерала (Ние сме вистината) како и видеа од Јане Ѓорѓиевски (Рибаро) и Бесфорт Идризи (ЛајТме). На денот ќе има работилница за пишување транспаренти и графити, музика, сувенири и журка.
Цивил по повод на Меѓународниот ден за мир покрена петиција на социјалната мрежа фејсбук. Испратете ваша фотографија на која ќе држите порака со наслов на македонски “Сите имаме право на мир”, на албански “Të gjithë kemi të drejtën për paqe” и на англиски “We all have a right to peace” на [email protected] или директно со порака на нашата фејсбук страна, која ние ќе ја објавиме на профилот на нашата организација.
Организации кои го подржуваат настанот се: Цивил – Центар за слобода| Хелсиншки комитет за човекови права на РМ | 8 Септември | Форум ЗФД | Младински образовен форум | Контрапункт | Метаморфозис | Фондација Отворено општество – Македонија | Центар за современа уметност – Скопје | ХЕРА | Прва Детска Амбасада Меѓаши | Субверзивен фронт | Национален младински совет | Излез | Центар за развој на медиуми | Акција Здруженска | Плоштад Слобода | Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ | Бори се женски | Реактор | Македонски центар за европско образование | НВО Инфо центар | Фронт за слобода на изразувањето.