Стојменов: Власта ја користи целата државна машинерија за добивање на изборите

„Тешко е да се зборува за фер и демократски избори кога десет години се градеше едно авторитарно општество. Манипулациите се случуваат пред изборниот ден, зборувам од лично искуство, затоа што сум бил претседател и потпретседател на избирачки одбори десет години, и знам дека од технички аспект многу малку злоупотреби се случуваат точно тогаш... Проблемот е што изградивме хибридно општество, а тоа не можат да го разберат странците, дипломатите...“, рече Глигор Стојменов, од Коалицијата за промени и правда, на конференцијата „Слободни избори 2016“, во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода.

„Буквално целата машинерија, сé е впрегнато во функција на добивање на изборите. Во другите држави, тоа не постои. Не може така строго да се третира државната администрација, да ја качувате во автобуси, да ја терате на митинзи. Медиумски да не говорам, еве, ако од утрото - денот се познава, не верувам дека ќе имаме слободни избори. Апелирам до медиумите, објективно да известуваат. Не можете да пуштите телезивизија, и да гледате само едно исто. Се надевам дека ќе имаме промени на овие избори, дека нацијата знае за кого треба да гласа“, рече  Стојменов.

Print Friendly, PDF & Email