Стоп за поткупот на гласачите!

ЦИВИЛ дојде до аудио сведоштво за купување на гласови во Демир Хисар. Купувањето на гласовите е дел од неколку извештаи и на други набљудувачи. Во моментов, се верификуваат другите пријави за поткуп на гласачи од повеќе различни општини. Очигледно е дека поткупот зема замав во вториот дел од денешниот ден на изборен молк.

ЦИВИЛ категорично бара да се престане со купување гласови и итна интервенција на надлежните институции за да се спаси изборниот процес, односно волјата на граѓанките и граѓаните да се почитува соодветно на нивното фундаментално право на глас.

ЦИВИЛ – Центар за слобода доби над 30 нови извештаи од набљудувачите распоредени низ целата земја и преку 50 повици и пораки од граѓанки и граѓани кои јавуваат за притисоци и уцени, кршење на изборниот молк, како и наводи за поткуп на гласачи. Граѓанските новинарки и новинари вредно бележат сѐ што се случува низ целата земја.

Оваа вест е достапна и на: Albanian