Денеска е Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура. Пред 30 години, Амнести Интернешнл ја започна кампањата #StopTorture.
Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура е повод за нашата иницијатива под истиот назив како и кампањата на Амнести и тоа: #stoptorture, #стопзатортурата, #ndaltortures на Facebook и Twitter. Испратете ваша фотографија на која ќе држите порака против тортурата на [email protected] која ние ќе ја објавиме на профилот на нашата организација. На истата адреса можете да ни испратите и информација за случаи на тортура чија жртва сте биле вие или некој што го познавате.
„Во Македонија има тортура! Ова не го гледаме често во јавноста бидејќи тортурата не е нешто што лесно продира во јавноста поради ужасите кои ги преживуваат жртвите на тортура. Сепак, постојат пријави и информации за случаи на бруталност и тортура од страна на полицијата и затворските установи, појава за која малку се расправа во општеството, а уште помалку ги признаваат институциите како што се полицијата и министерството за правда. Дотолку повеќе, ова е работа на невладините организации и на омбудсманот.“ - порачува Џабир Дерала, претседател на Цивил - Центар за слобода.
Посетете го линкот http://www.amnesty.org/en/stoptorture за да се информирате повеќе.
Оваа вест е достапна и на: English