Студентскиот пленум вечерва во 19,00 часот ќе протестира пред Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (зад влезот на СЈО), бидејќи не ги признава вчерашните скандалозни студентските избори. Пленумците велат дека изборите биле нефер, нетранспарентни и со многу нерегуларности и манипулации.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=UVWZhRmh_6g[/youtube]
„Го повикуваме секој студент/ка, родител, граѓанин/ка, да дојдат денеска пред СПУКМ, за мирно да го изразиме своето незадоволство за изборната кражба и прекумерната употреба на полициска сила. Бараме сите полицајци што беа груби со студентите да бидат санкционирани, во спротивно, сите ние одделно, ќе поднесеме пријава до министерот за внатрешни работи, командирот на полициска станица и до тој што ја издал наредбата да ги исфрлат студентите од пред СПУКМ, кои мирно седеа на земја“, изјави Ивана Туфегџиќ, од Студентскиот пленум.
Пленумци побараа од Ректоратот на УКИМ да ги поништи студентските избори и да ги прогласи за неважечки. Истото го побараа и од новиот претседател на СПУКМ, Давор Поповски кому му порачаа да не потпишува никаков документ.
Пробавме да земеме изјава и од претставниците на СПУКМ, но вчера, откако ја внесоа гласачката кутија, одговорните ја заклучија вратата и ги извадија кваките на вратата за да не може да влезат студентите од Студентскиот пленум.
Д. Муратов
Оваа вест е достапна и на: Albanian