„Граѓанските новинари се последната барикада на слободните медиуми, последната линија на отпорот против корпоративната политика на корумпираните моќници“, цитираше граѓанскиот новинар Хадис Сулејман на мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=sdUtoFTxpAQ[/youtube]
„Меѓународните стандарди, напредните закони кои ја бранат слободата на изразувањето и медиумските слободи, државни механизми за заштита на демократијата, комисии и регулаторни тела... Сето тоа, во тажниот и тревожен пример на Македонија, се покажува како подложно на корупција, извитоперување, манипулација и диктат на една клика. Сите стандарди и закони паднаа згмечени од чизмата на еден систем кој го разработи една клика што на својата агенда нема ништо друго, освен да се освои и задржи моќта, а моќта да се употреби за да се украдат што е можно повеќе пари и уште повеќе моќ...
Но, на тоа му дојде крајот. Граѓанските новинарки и новинари му дадоа ново темпо, нова енергија на ова време - невреме. Тоа што медиумите одбираат да го прикријат, граѓанските новинари го откриваат. Тие се новите воини на страната на фактите и вистината. Граѓанските новинари истражуваат, снимаат, фотографираат, прават интервјуа, прибираат сведоштва и докази за сè што моќниците го кријат преку своите медиумски манипуланти“.