Супер е ова што го правите, велат гевгеличани

Заврши јавниот настан за #СлободниИзбори во Гевгелија, кој го организираше ЦИВИЛ во соработка со регионалниот тим за долгорочно изборно набљудување. Со музика, џинглови и видео спотови, фото-петиција и разговори со граѓанките и граѓаните на градскиот плоштад, ЦИВИЛ и денеска испраќа порака дека на оваа земја ѝ се потребни слободни избори. 

Во разговорите со луѓето се открива нивното расположение. Најчести беа изразите на поддршка како „Супер е ова што го правите“, „Продолжете така“. Се разбира, имаше и коментари како „Не ни требаат слободни избори“, „Вие германски шпиони ли сте?“ и други.

Сите коментари се добредојени, важен е дијалогот.