Во интервју за„Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans), Ханес Свобода, долгогодишен политичар во Европската унија и поранешен лидер на Прогресивната Алијанса на социјалистите и демократите, зборува за состојбата на социјалдемократијата во Западен Балкан. Тој ја потенцира важноста на слободата на медиумите, како и клучната улога која ја игра граѓанскиот сектор за понатамошниот напредок на регионот кон Унијата.
Како одговор на прашањето поврзано со податокот објавен од "Индекс на слободата на медиумите на Репортери без граници", според кој, Македонија е на 118-то место, и со тоа останува најниско рангирана земја од оние кои се на агендата за проширување на ЕУ, Свобода, ја истакнува важноста на медиумските слободи кои мора да бидат обезбедени на патот кон ЕУ.
"Мислам дека слободата на медиумите, како таква, е суштински елемент на демократијата и мора да се почитува во ЕУ. Ова е основа за сите барања до земјите-аспиранти за членство во ЕУ. Слободата на медиумите е само еден елемент од влошениот развој во Македонија. Европската комисија реагира премногу доцна и премалку за развојот на настаните во Македонија. Ова е причината повторно и повторно, основни парламентарни и медиумски права да се грубо прекршени. ЕУ мора да биде многу строга во своите барања за слободни и фер избори. Ова претпоставува дека не само Европската комисија, туку и сите земји-членки, мора активно да ги поддржуваат овие барања упатени до македонските политички сили, особено до актуелната Влада и до претседателот. Од друга страна, Грција треба да биде многу повеќе од корист во подавањето рака на Македонија во спорот за името", вели Свобода во интервјуто за „Јуропиан Вестерн Балканс“.