Во атмосфера која на моменти не ѝ доликува на една државна институција, особено не на комисија со толку сериозна и одговорна задача, членовите на ДИК, ги одбија и петтиот, шесттиот и седмиот приговор на Беса, и по четиричасовна работа, заминаа на ручек...
Како што известува набљудувачот на ЦИВИЛ - Центар за слобода кој ја следи работата на ДИК, по едночасовната пауза, ќе се разгледуваат осумте приговори на СДСМ, за на крајот, да се разгледува последниот, осми приговор на Беса, во присуство на претседателот на Избирачкиот одбор од ИМ 0369/1 во Гостивар или претседателот на гостиварската Општинската изборна комисија и на набљудувачот на Беса од лице место. Се работи за случај во кој наместо една граѓанка гласало друго лице, а на неа не ѝ било дозволено да гласа.
Петтиот приговор на Беса беше поднесен за Изборното место 1005 во селото Опае, Општина Липково, во Втората изборна единица, поради повреда на тајност на гласањето, затоа што едно лице изнело гласачко ливче од избирачкото место, за по извесно време, да се врати со ливчето и да гласа. Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибрахими, рече дека за ваков настан требало веднаш да реагира полицијата, односно членовите на одборот да реагират за да може да интервенира полицијата. Приговорот беше одбиен едногласно.
Во шестиот приговор Беса бараше пребројување на гласовите во целата Општина Гази Баба, поради сомнеж за несовпаѓање на бројките од записниците од избирачките места со резултатите на Општинската комисија. И овој приговор беше одбиен со девет гласа „против“.
Седмиот приговор на Беса, поднесен за повреда на постапката за гласање во повеќе изборни места во Општина Тетово, во Шестата изборна единица, исто така, беше одбиен едногласно, со став на ДИК дека не се поднесени докази за некористење на УВ-ламби и спреј, односно, дека нема докази дека било дозволено да се гласа наместо лица кои се отсутни од Република Македонија, како и групно и семејно гласање.
Аргументите на ДИК повторно беа дека забелешките во приговорите се општи и дека ДИК не може да ги утврди