Членството на ВМРО-ДПМНЕ се повикува да биде „на готовс“?!

На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер се шири информација дека членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, се подготвуваат во 16 часот да одат пред Државната изборна комисија, затоа што сметаат дека ќе им биде украдена изборната победа!

„Браќа и сестри, бидете денес во вашиот или во најблискиот Општински комитет, во 16 часот. Ќе има седница на ДИК, сакаат да ја украдат победата. Сите да бидат на готовс! Денеска е можеби тој ден, кога сите ние ќе треба да и се оддолжиме на нашата мила Македонија и ВМРО-ДПМНЕ...!“, е една пораките што се вртат низ социјалните мрежи.

Во втората се вели: „Почитувани, во 16,00 часот во ОК дабидат сите членови на ОК, ракободство, функционери. Ќе има седница на ДИК, сакаат да ја украдат победата. Сите да бидат на готовс!“

15451377_2005768829650059_1804171417_n

 

Вчера, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Шестата иборна единица, Влатко Ѓорчев предупреди дека „трпението на трпеливиот човек може да прерасне во гнев доколку некој се обиде да ја украде кристално јасната победа“.

Инаку, и пред два дена, додека претставниците на Државната изборна комисија ги соопштуваа изборните резултати, надвор „спонтано“ се собраа десетици членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, кои скандираа за партијата и за Македонија. Откако ги слушнаа резултатите, кои тогаш беа во полза на нивната партија, си заминаа и прославуваа низ улиците на Скопје.

 

Print Friendly, PDF & Email