Телефонски совети за кого да се гласа

Двајца скопјани му се обратиле на наш набљудувач со тврдење дека двајца државни службеници им се јавуваат на телефон по повеќе пати на ден, советувајќи ги за кого да гласаат. И во двата случаи, кои се одвоени, се работи за нивни познаници, кои знаат која партија тие ја симпатизираат. Тие им ја исмејуваат партијата за која претпоставуваат дека овие двајца гласале и ја величаат својата партија.

25coffee-span-articleLarge

Едниот од нив успеал да го убеди советникот да се сретнат. Но, покрај инсистирањето на советуваниот да се сретнат и разговараат за упорните и зачестени телефонски јавувања околу изборите, советникот успевал да  ја менува темата. Телефонските повици продолжиле и после средбата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian