Тргна Караванот на слободата: Одржани промоции во Скопје, Тетово, Прилеп и Струмица

Караванот на слободата, кој со поддршка на УСАИД го спроведува ЦИВИЛ – Центарот за слобода, стартуваше и официјално минатата недела со скопската промоција во „Менада“.  На прес–конференцијата за медиумите, беше најавен проектот, предвидените активности, како и можноста за вклучување на сите оние кои создаваат ангажирана уметност.

13697288_1797440717137942_1024542278216783864_n

Целодневниот мултимедијален настан, кој беше збогатен со видео проекции на тема слобода и човекови права и диџеј-сетови подготвени од тимот на ЦИВИЛ, покрај медиумите, го посетија и голем број уметници - а музичари, поети, актери, сликари, како и претставници на граѓанските организации.

13769518_1797440807137933_5081830026448848996_n

 

Уметниците и останатите посетители, во разговори со Петрит Сарачини, координатор на проектот, Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ, и со останатите членови од тимот, имаа можност да се запознаат со идејата и предвидената програма на настани на Караванот на слободата, како и да дадат поддршка за него преку фото-петиција.

13737669_1797440993804581_6813834355328504545_o

Меѓу присутните, кои изразија интерес за Караванот на слободата беа: Ѓорѓи Иловски од хард кор бендот Smut, Владан Дробицки од Sethstat, Петар Младеновски од Суперхикс, Сеад Хаџиќ од Mooger Fooger, Ирена Ристиќ, актерка и членка на Белизе бенд,  Доријан Јовановиќ од  String forces, Мирко Попов, како претставник на PMG Kolektiv, поетесите Александра Спасеска, Јадранка Златаноска Ѓорѓиева, Оливера Доцевска и многу други уметници и граѓански активисти, кои демонстрираат желба низ уметност и културата да придонесат кон промоција на слободата и човековите права и активното учество на граѓаните во општствениот живот.

13723827_1797486337133380_1187201501479207354_o

 

Караванот на слободата, во наредните три месеци, предвидува девет големи концерти во седум поголеми градови во земјава, над 20 помали мултимедијални настани, голем број на работилници, дебати и различни мултимедијални активности кои ќе бидат организирани во повеќе од дваесет градови низ Македонија.

13680199_1798946246987389_1822551706867119656_o

По промоцијата во Скопје, Караванот на слободата беше промовиран во Тетово, Струмица и Прилеп,  со прес-конференциии за локалните медиуми и средби со локалните уметници, претставници на истакнати локални граѓански организации, активисти и граѓани кои изразија интерес за учество во проектот или за следење на активностите на Караванот.

13668823_1799318250283522_1345769851569577620_o

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и да го мотивира и мобилизира граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.

ЦМ