Трибина во Гостивар за политичката криза

Во организација на „Профицио“, утре (сабота 4 јуни) со почеток во 13,00 часот, во Домот на културата, Гостивар, ќе се одржи трибина на која говорници  ќе бидат професорите д-р Стево Пендаровски и  д-р Мерсел Билали и новинарот Мухамед Зекири.

Теми на трибината ќе бидат надминување на кризата, опасноста од меѓуетнички конфликт, граѓанските права и за политичката криза, како и преговорите и улогата на меѓународната заеднца, лагите и пропагандите и слободата на медиумите.

Трибината е од отворен карактер, а влезот е слободен за граѓанките и граѓаните. На крајот на трибината ќе има отворена дискусија во која граѓаните ќе можат да поставуваат прашања на говорниците.