Трибина во Загреб: Македонската демократија меѓу револуција и еутаназија

Во рамките на Субверзивниот фестивал (Subversive Festival) кој се одржува во Загреб, се организира трибината „Македонската демократија меѓу револуција и еутаназија“ на која, од Македонија, е поканет Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Го пренесуваме нивното соопштение.

Screenshot 2016-05-12 08.47.03За актуелната атмосфера на протест, лутина и несигурност во Скопје и низ Македонија, под мотото #protestiram #protestoj во пресрет на изборите најавени за 5 јуни и перспективите за разрешување на политичката криза предизвикана од авторитарниот и корумпиран режим, на Никола Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, кој од 2008 година се одржува на власт со широк спектар на економски, политички и општествени манипулации, на нашата трибина ќе се зборуваат:

  • Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ од Скопје, Македонија, истакнат активист и новинар
  • Митре Георгиев, експерт за човекови права од Загреб, Куќа на човековите права
  • Драган Зелиќ, експерт за избори од ГОНГ, која ги следи и македонските подготовки за изборите
  • Дејан Јовиќ, политички аналитичар и експерт за меѓународни односи, кој ќе ја осветли геополитичката димензија на кризата во Македонија.

Модераторка ќе биде Марина Шкрабало во име Crosol - Платформа за меѓународнa граѓанска солидарност на Хрватска, која е ко-организатор на оваа трибина.

Извор: Subversive Festival