ЦИВИЛ беше во Тетово со проектот Слободни медиуми за слободно општество

Тим на ЦИВИЛ беше на средба со граѓанките и граѓаните на Тетово (20.10.2017), со кои го сподели најновото, специјално издание на њузлетерот Слободно општество, посветено на изборите, а во кое се објавени и основни информации за проектот Слободни медиуми за слободно општество.

Њузлетерот е дел од проектот и, меѓу другото, има цел да сподели медиумски содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, со публика која не е редовно на интернет. Посетителите на инфо штандот беа заинтересирани за активностите на ЦИВИЛ и се интересираа како може да се вклучат во активностите на организацијата.

Штандот го посети и екипата на ТВ Арт, на која малку подоцна, во емисијата „Во фокусот“ гостуваше и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Проектот Слободни медиуми за слободно општество го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Б.Ј.