ЦИВИЛите ќе бидат дел од светската иницијатива #TogetherWeSpeak! и денеска. Со серијата настани под заеднички наслов #ReClaimingFreedom или, во слободен превод - Враќање на слободата, ЦИВИЛ овие денови стана една од највидливите организации-членки на оваа глобална иницијатива. Досега, јавноста имаше можност да ги проследи уличниот перформанс и панел дискусијата во петокот и уметничките работилници, диџејските сетови и штандови на отворено, вчера.
Уметничка работилница и штандови во Градски парк (16-18 ч.) и диџејски сет и штандови на платото пред Универзитетот ЈИЕ, на влез во Старата скопска чаршија (20-23 ч.), се на денешната програма на ЦИВИЛите.
Активистите на организацијата повикуваат: „Дојдете, да споделиме и да го зајакнеме нашиот глас, за одбрана на граѓанскиот простор, за учество во процесите на донесување на одлуките, за слобода на изразувањето. Дојдете да разговараме за сите теми и да ја поддржиме глобалната Граѓанска повелба.“