ЦИВИЛ и Здравкин во заедничка акција за настраданите од земјотресот во Албанија

На утрешната конференција „Меѓу стремежите и реалноста“ која ќе се одржи во Музејот на град Скопје, во 13 часот, по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ, организацијата ќе постави кутија за донации за помош на настраданите семејства во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Акцијата на ЦИВИЛ е во соработка со хуманистката Ленче Здравкин, која е една од говорничките на конференцијата. Таа ден подоцна, на 30.11. ќе се упати во Албанија со сета собрана хуманитарна помош.

Сите граѓанки и граѓани кои сакаат да донираат ќе можат да го направат тоа во Музејот на Град Скопје од 13 до 15 часот, додека трае настанот на ЦИВИЛ.

Покрај овој настан, хуманите граѓанки и граѓани од Велес, но и од другите градови кои сакаат да помогнат може да искомуницираат директно со Здравкин.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓани и граѓанки да се солидаризираат и да помогнат онолку колку што им дозволуваат можностите. Заедно сме посилни!

ЦИВИЛ тим за комуникации

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish