ЦИВИЛ: Нулта толеранција за изборни нерегуларности!

ЦИВИЛ - Центар за слобода ги презентираше наодите од изборното набљудување во текот на првата недела на официјалната изборна кампања, во периодот 21-27 ноември. Преку 70 случаи на нерегуларности се нотирани од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, а над 100 пријави дојдоа од граѓанки и граѓани. ЦИВИЛ ги следи изборните нерегуларности во 14 категории. 

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во име на организацијата, упати пет категорични барања до политичките партии, институциите, администрацијата и јавните претпријатија: почитување на Кодексот и на Изборниот законик, транспарентност при финасирањето за време на изборната кампања, објективно и непристрасно работење на ДИК, присуство на политичка дебата, и повик до сите граѓанки и граѓани да пријавуваат нерегуларности и на тој начин, да придонесат за слободни избори.

„Од денеска прогласуваме нулта толеранција за било каква изборна нерегуларност!“, изјави Дерала во своето обраќање до јавноста.