Во две различни избирачки места во Свети Николе пријавен набљудувач на АКСИОС 2017, препознаен како Претседател на ОК на една политичка партија во Свети Николе. Тој во едно од Избирачките места на присутните набљудувачи од Цивил и две други организации почнал да ги брка, со зборовите дека „тие се партиски и не смеат да се тука“. Атмосферата станала тензична. Додека се случува ова, Претседателот на ИО бил излезен надвор на цигара. Кога се вратил, зборувал со него и рекол дека нема потреба инцидентот да влезе во записник.
Во ИМ 1947, фотографијата на еден гласач ја немало во изводот од Избирачкиот список поради што не му било дозволено.
На ИМ 2447/1 општина Сарај, село Ласкарци, членови од ДИК го затвориле избирачкото место по дојава за несовпаѓање на гласачкиот список. ИМ престанало со работа околу 30 минути, и откако го провериле гласачкиот список, се воспоставило дека нема нерегуларности. Но, според полицијата, проблемот настанал заради пријава за поткуп на гласачи.
Од изборниот мониторинг, ЦИВИЛ бележи групирање на повеќе лица пред ИМ 2170 И 2179 во Велес, припадници на едно велешко здружение, блиско до одредена партија. По полициската интервенција луѓето од оваа група се разотишле.
Во ИМ 2538, во Јурумлери, општина Гази Баба, повеќе гласачи си носат пенкало од дома, но ИО не им дозволиле да гласаат со своите пенкала.
Претседателот на избирачко место 2350, Хиподром, на набљудувачка на ЦИВИЛ ѝ било кажано дека требала претходно да се најави, но дека овој пат ќе ја пушти да набљудува.
Во ИМ 093/1 во М.З. Димитар Влахов во Битола гласач во инвалидска количка не можел да гласа затоа што избирачкото место е на прв спрат, а нема пристапна рампа. Пријавено во ОИК, од каде добил информација дека може да поднесе приговор. Тој денеска нема да гласа.
Во ИМ 2266 во Штип, гласач е поминат со УВ лампа преку левиот палец, а прснат со спрејот на десниот палец.
Околу десет часот, претседателката на ИО во ИМ 2934/1 во Чаир си заминала од ИМ и ја немало 20-тина минути.
И во ИМ 677 во Кавадарци, претседателот на ИО отсуствувал подолго време.
На ИМ 1721 во Струмица граѓанка влегла со маска со натпис на политичка партија. По реакција на ИО жената ја заменила маската и тогаш ѝ било дозволено да гласа.
Во ИМ 1029, член на ИО гласал со лична карта прикажана на телефон, сликана, без физичка идентификација.
На ИМ 0836 во ДСУ Раде Јовчевски Корчагин во Кочани поради дислокација на избирачките места во овој објект многу од гласачите не можеле да ги пронајдат избричаките места во кои гласаат.
Во општина Чашка, претседател на ОК на една политичка партија со уште некои лица се сместени во куќа на 10м од избирачкото место 2234 и ги евидентираат лицата што излегуваат на гласање. Во близина и на неколку други ИМ во истата општина се забележува присуство на членови на одредена политичка партија кои што евидентираат гласачи.
Во ИМ 0672 во Кавадарци, член на одредена политичка партија седи пред избирачкото место и покажува со прст за кој треба да гласаат граѓаните со зборовите „знаете за кого да гласате“ и го кажува бројот на партијата.
Претседател на општински комитет на една партија во Свети Николе бил пријавен како набљудувач од невладина организација, во гимназија Кочо Рацин во ИМ 1675/1 и 1679.
Во ИМ 2141 во Велес, гласач влегол да гласа со капа со партиски симбол. ИО не реагирал.
Во Кичево на ИМ 0758, (село Белица), гласањето се одвивало во трпезарија од црква каде што се поставени камери, насочени кон влезот и се снимало.
Во ИМ 2838, Работнички универзитет, во општина Центар, член од комисијата, во текот на работата непрекинато контактирал со набљудувач од политичка партија.
Во ИМ 1000, партиски набљудувач на секои 5 до 10 минути излегувал од избирачко место и зборувал на телефон, со секое влегување со него влегувале по еден или два гласачи.
ЦИВИЛ Тим за комуникации