ЦИВИЛ за Диво Насеље, три години потоа...

„Малата војна“ во Диво Насеље се случи на 9 мај 2015 година, само 8 дена пред големиот граѓански протест против режимот, на денот на победата над фашизмот, Ден на Европа.

Осум припадници на полицијата загинаа во овој тежок безбедносен инцидент. И додека претседателот Иванов беше на парада во Москва, македонската и светската јавност беа потресени.

Што навистина се случи? Кој навистина стои зад овој терористички напад? Како одговорија граѓанките и граѓаните на Куманово и Македонија?

Одговор на овие и многу други прашања, ќе се обидеме да најдеме на панел-дискусијата на третата годишнина од „малата војна“ во Диво Насеље, токму во Куманово, 9 мај, во зградата на Комитетот, со почеток во 13 часот. Добредојдени се сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

Панел дискусијата е дел од проектот на ЦИВИЛ - „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Оваа вест е достапна и на: English