Низ боите на слободата, уметниците од Тетово, Јакуп Амети и Славчо Максимовски, предводени од академскиот сликар, Мирослав Стојановиќ - Шуки,на отворен простор ја покажаа својата креативност и умешност.
На уметничката работилница и изложбата „Слобода во боја“, како дел од мултимедијалниот настан на Караванот на слободата, во Тетово, уметниците ги преточија нивните размисли и ставови во уметнички дела за мирот, слободата и достоинството на секој човек.
Во разговорот со ЦИВИЛ Медиа, уметниците проговорија за тоа што за нив претставува слободата и колку таа е дел од нивните уметнички дела.
Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен, мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, што ја користи моќта на уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.