Твитерџиите пријавуваат неправилности во Избирачкиот список

Твитер заедницата е преплавена со информации за неправилности во Избирачкиот список. Кратко време по објавувањето на апликацијата за проверка на списокот на избирачи, твитер статусите кои зборуваат за фиктивни гласачи, починати и иселени лица кои сé уште се на список за гласање, погрешни адреси, повеќе лица на иста адреса..., не престануваат.

Дел од твитовите се насочени кон ЦИВИЛ - Центар за слобода, а се однесуваат на постојаните укажувања и неправилностите кои ЦИВИЛ ги открива. Сите пропусти во Избирачкиот список кои беа детектирани на изборите во 2013-та и 2014-та година, можат да се најдат во извештаите на ЦИВИЛ.

Питер Ванхауте, посредникот во преговорите за излез од политичката криза, кој по посетата на Брисел, во средата се врати во Македонија. Пораките на Твитер, преку фотографии од мачки, продолжуваат.  „Обожавам избори, можам да гласам 5 пати во ист ден!“  и „Ме има три пати на Избирачкиот список, можам да се изберам самиот?“, се последните два негови статуса. На овој начин и тој се приклучува кон предупредувањето за големиот број на недостатоци во непрочистениот Избирачки список.

Сите твитер статуси, кои се однесуват на избирачкиот список можат да се најдат на хаштагот #СеПоСписок.

Оваа вест е достапна и на: Albanian