ЦИВИЛ – Центар за слобода има потреба од хонорарни соработници/известувачи од цела Македонија.
Ангажманот е со времетраење од 9 до 12 месеци. Рок за пријавување: 15 август. Условите за аплицирање се исти како и во повикот „Биди дел од тимот на ЦИВИЛ“ (кликнете на линкот и ве молиме, прочитајте ги внимателно).
Кандидатите кои ќе станат дел од проектната мрежа на ЦИВИЛ, ќе имаат можност да учествуваат и во други проекти на организацијата. Секој објавен извештај на соработниците/известувачите на ЦИВИЛ односно ЦИВИЛ Медиа, ќе биде хонориран со 1.000 денари бруто.
ЦИВИЛ ќе организира обуки за новинарство и мониторинг за кандидатите за хонорарни позиции, како и за своите волонтери, поддржувачи и членови. Во зависност од бројот на пријавените и местото на живеење, ќе бидат одредени градовите и термините во кои ќе се одржат обуките. Патните трошоци за учество на обуките ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. Работилниците ќе се одржат во првата половина на септември.
Оваа вест е достапна и на: Albanian