Боите на слободата е уметничка работилница, која ќе се одржи во кампот пред Владата. Колонијата, која се одржува на иницијатива на Цивил – Центар за слобода во рамките на коалицијата Граѓаните за Македонија, ќе започне в сабота во 16 часот и ќе трае до недела на полноќ. Уметничките дела што ќе произлезат од оваа работилница, ќе бидат изложени во самиот камп. Изложбата ќе се отвори во вторник во 20 часот. Во рамките на работилницата, в сабота ќе се одржи и еден уметнички перформанс.Своето учество во работилницата до сега го потврдија дванаесет уметници. Веруваме дека списокот ќе се зголемува со нови учесници. Доколку има заинтересирани за учество во работилницата, уметниците тоа можат да го сторат со кратко обраќање до Цивил на [email protected], најдоцна до петок, 22 мај, 16 часот.
Оваа вест е достапна и на: Albanian