Нема да се прегласува на местата за кои ДПА и ГРОМ посочија дека имало нерегуларности на изборите, одлучи Управниот суд. Двете партии реагираа дека на дел од гласачките места била нарушена тајноста на гласањето и имало семејно гласање. ДИК ги одби претставките, а Управниот суд сега само ја потврди одлуката на Државната изборна комисија.
Во однос на тужбите кои ги поднесе ДПА, во најголем дел од образложенијата од Управен, објавени на официјалната веб-страна на Судот, стои дека не се приложени докази кои ги потврдуваат наводите за нерегуларности или забелешките се доставени по истекот на рокот.
До Државната изборна комисија пристигнаа 12 приговори, два од ДУИ, шест од ДПА и четири од ГРОМ. По одбивањето на приговорите од страна на ДИК, ДПА и ГРОМ поднесоа тужби до Управниот суд. ДУИ не ја искористи оваа можност откако ДИК ги одби претставките на партијата.
Мери Јордановска