Успешна најава за вечерашниот концерт во Велес

Вчера, ден пред големиот концерт во Велес, Караванот на слободата посети пет соседни општини: Неготино, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман, каде тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода делеа информативен материјал, разговараа со жителите на општините, промовирајќи ги целите на Караванот на слободата.

13921000_1803054613243219_7281225506760636465_n

Во Велес се одржа прес конференција за локалните медиуми, околу денешниот голем концерт кој ќе се одржи во Младинскиот парк (Амфитеатар) и координативен состанок со велешките активисти кои потоа излегоа на терен во соседните пет општини.

13886945_1803407843207896_6498547120588316251_n

Во сите посетени градови пред присутните се промовираа идеите и целите на Караванот, целосната програма за концертот во Велес, активностите кои се дел од проектот, како и идните настани.

IMG_0108-2

Во Кавадарци, на платото пред Општината, се одржа краток мултимедијален настан со дџ-сет на CIVIL Art Freedom Crew и видео проекции на стории подготвени од наградени граѓански новинари, во рамки на проектот „Граѓански објектив“.

IMG_0207

Посетата заврши во Велес во вечерните часови каде активистите од градот го најавија денешниот концерт.

На денешниот мултимедијален настан во Велес, кој ќе започне во 18:30 часот покрај дебата, ликовна работилница и изложба, поетски читања ќе настапат Бени и Нон Стоп, Ле Ман и Лазар Ставров.

Караванот на слободата e проект финансиран од УСАИД, имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Овој динамичен мултимедијален проект го поттикнува учеството на граѓан(к)ите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.