ЦИВИЛ – Центар за слобода изминатите три дена организираше два семинара во Скопје за јадрото на организацијата и во Велес, за обука на 30 долгорочни изборни набљудувачи, како и работна средба во Скопје за соработниците на ЦИВИЛ. Врвниот експерт за изборно набљудување, Драган Зелиќ од хрватската организација ГОНГ, со дел од експертите на ЦИВИЛ, на учесниците им ги разјаснува проблемите за и околу изборните неправилности.
Денеска, непосредно пред заминувањето на Зелиќ за Хрватска, се одржа последната обука која се однесуваше на членовите на тимот на ЦИВИЛ, кои ќе бидат одговорни за спроведувањето на сите активности во делот на набљудувањето на изборниот процес. На обуката се зборуваше за предизвиците, активностите и одговорноста со која се соочува ЦИВИЛ, во набљудувачкиот процес.
Главната обука на која учествува 30 долгорочни набљудувачи како и мобилните тимови, се одржа во текот на вчерашниот ден во Велес. Долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ се стекнаа со напредни вештини во набљудувањето на изборниот процес на повеќе нивоа и од повеќе аспекти, вклучувајќи го и денот на гласањето. Тие се распоредени низ целата земја, поделени во 14 регионални тимови и ќе спроведат сеопфатно набљудување на состојбите на теренот.
Зелиќ зборуваше за значењето од спроведување на фер и демократски избори и непроценливата улога на набљудувачите во тој процес. Како што истакна тој, “набљудувачите се очи и уши на ЦИВИЛ на терен, и реалната слика за секојдневното прекршување на изборните права”.
Претставникот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, зборуваше за досегашните искуства на ЦИВИЛ, но и за предизвикот со кои ќе бидат соочени во периодот кој престои.
Целодневната обука помина во продуктивна и позитивна атмосфера. Долгорочните набљудувачи ги добија потребните и информации и одговори на сите прашања и дилеми кои ги имаа, поврзани со изборното набљудување и нивните активности во следниот период. Има можност, исто така, да се запознаат меѓусебно, и да ги разменат своите искуства, едните, како набљудувачи на изминатите изборни циклус кои ЦИВИЛ ги набљудуваше и со тоа да им помогнат на другите, кои за првпат, ќе бидат дел од мониторингот на изборите.
На обуката во Велес и претходеше кратка обука во Скопје, која Зелиќ, ја подготви за тимот на ЦИВИЛ, како подготовка за тоа што беше презентирано во Велес. Потоа, со размена на мислења, беа подготвени материјалите и агендата според која се одвиваа активностите во Велес.
Оваа тридневна работна посета на Зелиќ на Македонија е дел од партнерската соработна на ЦИВИЛ со ГОНГ на проектите за изборно набљудување во Република Македонија.
М.Т.